Нема девојка која не би се израдувала на практичен Направи сам проект кој ќе направи обичните (стари или нови) црни потпетици да изгледаат уникатно и модерно. Денешниот предлог служи како видео-упатство за создавање нов моден израз, каде што обичните, класични чевли ќе добијат нов лик со помош на парче црвена кожа, лесни и вешти движења со раката и уште неколку основни работи… проследете го видеото и совет плус: практикувајте го за да ги скриете недостатоците на Вашите чевли или чанта, создадени од носење.

Потребно Ви е:
– пар чевли
– парче црвена кожа
– пенкало
– ножици
– лепило
– валјак

Нацртајте неправилни форми на бакнеж врз површината од кожата и исечете ги. Кога ќе имате доволно на број, почнете да ги лепите на чевлите, така што по завршувањето, ќе поминете врз истите со валјакот. Оставете да се исуши. Се’ што ќе Ви преостане како задача е да создаде совршена, софистицирана комбинација во која Вашите нови потпетици ќе остават максимален моден впечаток.

.1.

2.2

.3.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни и оригинални фотографии
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ