На светот не  постојат многу романтични дестинации, како што е “Земјата на полноќното сонце”. Каде се наоѓа оваа држава на деноноќен сончев сјај?

Парадоксално, но ќе ја најдете во лaдните поларни региони. Ова е феномен кој се случува и на север на Арктикот и на југ на Антарктикот.

Но, бидејќи на јужниот дел не постојат постојани населени места, трагачите на “полноќното сонце” одат на сeвер.

Дури 6 месеци во годината, Северниот пол е накривен во насока на сонцето. Во периодот на летниот солстициј (момент кога сонцето го достигнува најголемиот агол на оддалеченост во однос на Екваторот), на 21 Јуни, овој нагиб е на максимум, а сонцето сјае директно врз Северниот пол. Ако патувате во овој период, ќе забележите дека кога сонцето заоѓа, само го допира хоризонтот, но не тоне под него.

Повеќе од 1/4 од територијата на Финска лежи над Арктичкиот круг, што ја прави оваа земја совршено место за набљудување на овој магичен феномен. Всушност, во најсеверниот град на Финска, Утсјоки сонцето воопшто не заоѓа во период од 74 дена во текот на летото.

Многу од посетителите имаат проблем со спиењето, коа природниот тек на денот и ноќта е пореметен. Но, затоа локалците кои се навикнати, одлично се забавуваат со овој феномен, при што се шири празничен дух низ цела Финска. Насекаде е украсено со брезови гранчиња и цвеќе и се слави еуфорично.

Кога сепак ќе се изморите од забавите, ви препорачуваме да се прошетате покрај преубавото езеро на полноќ, помеќу нежните сенки кои ги фрла ниското и силно сонце. Искуство кое ќе го запаметите!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтакленo игло – хотел во Финска
Следна објаваMоден акварел | Cate Parr
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР