Научници од универзитетот “Carlos III” во Мадрид, дизајнираа “паметна маица” која може да ги мери отчукувањата на нашето срце, а може и да ни направи ЕКГ (електрокардиограм). Паметната маица е произведена од спроводлив електо – текстил и може да ја мери телесната температура. Оваа маица до сега е тестирана на пет пациенти на институтот за кардиологија во Мадрид.

Добиените податоци за отчукувањата на срцето и резултатите од ЕКГ се сумираат во безжичниот уред, кој пациентот го носи прикачен околу вратот, под маицата. Уредот за собирање податоци содржи и термометар и акцелометар, со чија помош се открива дали пациентот седи или лежи и колку е активен.

Идејата е  да се следи пациентот на еден ненаметлив начин. Системот, исто така има аларми кои лекарите можат да ги прилагодат за секој пациент поединечно и да емитува предупредување доколку пулсот и телесната температура се зголемат. Во иднина овој уред ќе помогне пациентите да бидат пуштени на домашна нега порано, а лекарите да можат и понатаму да ја следат нивната сосотојба.

Оваа маица на чиј развој се работи веќе две години, на пазарот би требало да се појави во рок од 6 до 12 месеци, а истата ќе може да се одржува на класичен начин, во машина за перење алишта.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDarth Vader од хартија
Следна објаваСтакленo игло – хотел во Финска
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР