Дали некогаш сте се почувствувале повредени? Какво прашање, зарем не?!
Сите ние барем еднаш во животот сме се почувствувале како се да се руши врз нас.
Секој ѕид граден со внимание, наеднаш се урива, секое огледало во кое сме ја виделе гордо својата насмевка се крши на парчиња….
И најважно од се…секој столб на кој сме се потпреле некогаш порано се сронил врз нас како да не сме вложиле воопшто труд.

И веројатно кога на крајот ништо вредно нема да ви остане ќе се предадете. Но, почекајте само еден момент пред да го сторите тоа сеќавајќи се на вчерашниот ден! Да не беше тој вие никогаш немаше да ја научите можеби најважната лекција во животот. А пак, да не е сегашноста вие никогаш не би постоеле, додека пак ако се предадете денес иднината никогаш нема да ја видите, иако можеби токму утрешниот ден е оној кој ќе ви го донесе најголемиот пресврт.

Не заборавајте дека вашето предавање ќе ги повреди оние кои ве сакале. И никогаш нема да дознаете колку кога ќе се затворите во себе заборавајки дека тие постојат и чекаат да се вратите од стрмнината по која паднавте смело чекорејки до врвот.

Се што ви преостанува сега е само да погледнете напред! Ја загубивте оваа битка, па што?! Знаете ли дека само оние кои знаат да го поднесат поразот всушност победиле друга битка која се вика храброст?!

Затоа научете да го гледате сонцето, а не месечината. Денот а не ноќта која ви ги прикрива очите и одделува од вистината.

И сосем за крај…

Не ги заборавајте соништата притоа одејки во погрешни правци!

Истите не ги отфрлувајте мислејќи дека не сте доволно добри за да ги остварите, туку напротив, ОБИДЕТЕ СЕ!

Ќе загубите ли нешто?!

автор | непознат

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР