Пештерата Aven – Arman претставува дом на најголемите и најпознатите сталагмити на светот. Откриена е во 1897 година, од Luj Arman, локален занаетчија. Сместена е во рамките на националниот парк Sevan. Во оваа пештера направена од варовник, може да се влезе низ два отвора во форма на оџак. Висока е 45 м, широка 60 м и долга 111 м. Таа е збирка од илјадници сталагмити, познати под името “Девојчинска шума”. Туристичките водичи ги водат посетителите низ оваа шума, покажувајќи им ги славните скулптури како што се: Kарфиол, Медуза и Палмино дрво. Околу 400 сталагмити се повисоки од 1м, многу од нив достигнуваат висина до 20 м, а највисокиот достигнува висина од 30 м од неговата основа па се до врвот.

Многу од сталагмитите се со посебен облик и се познати под името “Збир од плочки”. Тие имаат широки врвови и потсеќаат на стебло од палмино дрво. Тие се формираат во овој облик, бидејќи висината на пештерата дозволува пад на водата, такашто таа удира врз сталагмитите со плесок. Бидејќи пештерата се наоѓа блиску до површината на земјата, количината на вода која се слева внатре, најмногу зависи од дождовите: најтесните делови се создаваат кога има малку вода, а најшироките кога е многу влажно.

Посетата на ова фрапантно место, каде сталагмитите ве демнат од темнината, а капењето во позадина ве потсетува дека сеуште се создаваат нови, е искуство кое нема да го заборавите.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност за осамени срца
Следна објаваНеобични градби во светот
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР