02

Со површина од 86 метри квадратни, ова прекрасно стилизирано поткровје е одличен пример како секој простор може да биде наменски искористен, без притоа да се загуби од убавиот изглед и удобноста. Блесок, свежина и комфор – дизајнот на ова атрактивно средено поткровје се заснива на светлината и суптилните бои, збогатени со внес на колоритни акценти во ведри и живи тонови. Уредено е модерно и непретенциозно, со малку парчиња мебел, светли подови, елегантни линии и топли дрвени допири во секоја соба. Белата боја ја сочинува основата на ентериерот, давајќи му чувство на пространост, хармонија и пријатен амбиент, а надополнета од големата количина на природна светлина која продира од мноштвото поставени прозорци. Креиран е отворен план во кој комуницираат дневната соба, трпезаријата и кујната, а станот располага и со спална и детска соба, бања, и мала, но кокетна тераса. Паметниот распоред овозможува комплетна функционалност, а минималистичкиот стил му дава лежерна нота за фин семеен живот. Слатките украси и текстилот со цветни дезени, ги внесуваат пролетните мотиви и природните нијанси во ентериерот, вдахнувајќи нежна игривост и динамика. Фантастична инспирација!

01

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15 16

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСаботна латино плејлиста
Следна објава10 актери како 10 автори
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР