Повеќето жени имаат потешкотии при нанесување на туш за очи кај овој тип на шминкање. Еден погрешен потег и повторно сте на почеток. Затоа погледнете ги овие чекори за лесно добивање на изгледот – мачкини очи.

  1. Нанесете сенка на очните капаци. Потоа, од средината на капакот повлечете линија кон надворешниот дел на окото. Застанете кај делот кој е малку пред крајот на окото, како што е покажано на сликата.
  2. Продолжете ја линијата од местото каде што застанавте и крајот нека се совпаѓа со линијата на крајот од веѓата.
  3. Спојте ги крајот од окото со крајот на линијата.
  4. Доцртајте ја линијата од центарот на капакот кон внатрешноста на окото. Направете ја потенка како што се приближувате кон внатрешната страна.
  5. Пополнете го внатрешниот дел кој го нацртавте.
  6. Крај! Лесно и без грешка.

Секако дека може да експериментирате со дебелината на линијата и бојата на тушот. А на Вас останува дали ќе нацртате линија и на долната страна на окото.

1

2

3

5

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР