Повеќе од еднаш, секој од множеството читатели се нашол во ситуација за себеси да поверува дека е дел од книгата што ја чита – да се најде лице во лице со двојноста на сопственото постоење, толку интензивно и вонвременско искуство преку еден најстар медиум на знаење и идентификација. Книгите. Имагинативните постери, чиј наслов е „Doubleheads“ кои следуваат во прилог се дело на креативната рекламна агенција Kolle Rebbe која укажува на моќта на читањето, за потребите на Stories! книжарницата, сместена во Хамбург.

Во нив, читателите имаат вистински, двоен живот. Тие се заглавени во своето реално постоење, но преку силата на сопствената имагинација, тие стануваат суперхерои или шпиони, со иста брзина како што ги вртат страниците.

Како читањето го трансформира Вашиот живот?
Каде Ве водат Вашите приказни?

1

2

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоетиката на Берлин
Следна објаваЖените или мажите продаваат повеќе?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР