Игра со ѓаволот – Шерилин Кенион

Како пишана категорија на особено длабоко повреден карактер, како резутат на актот на спасување на малечок и напатен роб на кој и боговите им се згрозуваат, како непризнаено копиле на римски благородник кое е принудено да си ги служи сопствените разгалени браќа, како прогонет херој во студената и изолирана Алјаска – се чини дека на најопасниот Црн ловец Зарек листата на потекло на гнев е бесконечна. Пренесена уште од неговиот смртен живот, во неговиот ум тој сеуште се класифицира како роб и живее во свој приватен пекол. Накратко ослободен од егзил во борбата против Дејмоните (зли натприродни суштества) во Њу Орлеанс, Зарек претрпува несреќен инцидент каде тој претепува неколку полицајци, при што божицата Артемида, неговата создателка одлучува дека и е доста од неговото недолично однесување.

„Кога танцуваш со ѓаволот, не го избираш ритамот…“

По нејзина лична иницијатива, имено суптилно предложена од водачот на Црните ловци, Ахерон (кој претставува едно совршено мажествено божество со неверојатно руса коса до рамениците, со перфектни мускули кои не се случува да ги сокрие и кожени панталони со ниска половина – а кој неслучајно е, нејзин љубовник), таа одлучува на Зарек да му пружи фер судење. Артемида за објективен судија ја избира Астрид, нимфа на правдата која никогаш во текот на својата животна кариера не осудила невин човек. Астрид, иако слепа, е уморна од судењето мажи за кои секогаш се испоставува дека се виновни и затоа неволно ја прифаќа работата, за подоцна да ја отрие меката и чувствителна страна на Зарек која била оставена во закржлавена апстиненција. Гледајќи низ неговата груба површина и крваво минато, таа го извлекува надвор она најдоброто од него.

„Безнадежноста покажува дека некогаш постоело надеж. А тоа е уште еден збор што не го разбирам. Надежта единствено постои за луѓето што имаат избор.“

Кенион несомнено прави совршена паралела на грчката митологија со модерната сегашност, сместувајќи ги античките божества и нивните помошници директно во животите на нормалните луѓе за кои подоцна се случува да станат дел од истиот нивен свет, овој пат ја наведува Астрид тешко и непристрасно да одлучи за вината на Зарек, ликот со кој судбински гради вонсериска атракција и обострана нежност како магнет кој ги поврзува крајно различните завршетоци; за на крајот да се дознае целосната вистина околу проклетството наречено метаморфоза на грбот на Зарек, од страна на негативката Артемида… Овој мрачен роман се препорачува на фанатиците по морбидни и хорор приказни, но неминовно е необична и сензуална љубовна приказна која ќе им се допадне и на почувствителните читатели.

 „Јас не страдам од моето лудило – јас уживам во секоја секунда од истото.“

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКармен | МОБ
Следна објаваПарадата на св.Патрик оваа година
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР