Кармен – Жорж Бизе 20:00-22:00 19.03.2014

Познатата приказна која постојано го потресува светот.

Диригент: Борјан Цанев

Режисер: Кузман Попов (Бугарија)

Сценограф: Живојин Трајановиќ

Костимограф: Марија Пупучевска

Кармен: Ирена Кавкалевска

Дон Хозе: Зоран Сотиров

Ескамилио: Ристе Велков

Микаела: Олгица Милевска

Фраскита: Александра Лазаровска Василевски

Мерцедес: Марика Поповиќ

Данкаиро: Драган Ампов

Ремендадо: Дејан Стоев

Цунига: Ернес Ибраимовски

 

Кратка содржина

Страста и љубомората, неминовно доведуваат до трагедија. Младиот водник Дон Хозе е на стража. На плоштадот во Севиља, излегуваат работничките од фабриката за тутун, меѓу нив е кокетната и убава циганка Кармен. Таа го заведува Дон Хозе.

Доаѓа неговата свршеница Микаела и му носи писмо од неговата мајка. Кармен предизвикува тепачка и е уапсена… му ветува љубов на Хозе и му закажува средба во крчма во  Лилас Пастја, ако ја ослободи…

Во крчмата доаѓа прославениот тореадор Ескамилио, Кармен е на пат кон нова љубов со него. Доаѓа вљубениот Хозе и по средбата со Кармен дезертира и тргнува со контрабандистите на Кармен.

Но… се појавува Микаела и го изветува дека мајка му е на смртна постела. Вознемирениот Хозе влегува во двобој со Ескамилио. Кармен го спасува Ескамилио. Хозе е бесен и се заколнува дека ќе и се освети.

Во арената со бикови во Севиља народот го поздравува својот херој Ескамилио. До него е Кармен со сиот сјај, горда и среќна. Другарките ја предупредуваат дека во публиката е Хозе. Пред влезот тој ја моли да му се врати, но Кармен со презир му го враќа прстенот на Хозе. Избезумен вади нож и ја убива.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтеракција со месечината
Следна објаваИгра со ѓаволот – Шерилин Кенион
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ