Насликана за да изгледа како џиновски книги, Kansas City Public Library е инсталација којашто може да се забележи на јужниот ѕид од јавната библиотека во Кансас. Со должина од 25 метри и висина од 9 метри, насловите беа предложени од страна на членовите на истата библиотека.

Со наслов “Community Bookshelf”, книгите се движат од Господарот на прстените до поетичните редови на Хјуз, така што илузионистички, оваа улична уметност ги воодушевува сите што минуваат по истата улица, а не само љубителите на книгите.  Постои интересна историја на оваа библиотека – малку заборевена институција со влошен систем на функционирање повторно заживува со помош на напорна работа и креативни умови, потпомогнати од јавни и приватни фондови. Kansas City Public Library повторно е отворена во историската зграда на Првата Народна банка во срцето на Канзас Сити.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

Надворешноста на библиотеката укажува на извонредната природа на самата катедрала на душата – муралите на ѕидот се крајно елегантни, насликаните книги доминираат на целата улица, потсетувајќи го градот на целта на постоењето на оваа институција: ентузијазам за знаење. Но патем, и максимизирање на значењето на забавниот начин на негување на младите умови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКантри куќа со ретро детали
Следна објаваРедизајн на Supermodel, албумот од Foster the People
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР