Ја обожавате уметноста и сакате да патувате? Тогаш треба да знаете каде треба да отидете и кој музеј не треба никако да го заобиколите. Ако патувате во Амстердам, Лондон, Лас Вегас, Стокхолм, Њујорк, Париз или Токио, тогаш спремете се за голема доза на уметност.

Rijksmuseum во Амстердам

21
Rijksmuseum-от ја поседува најголемата и најважната збирка на дела од класичната холандска уметност. Тој бил отворен во 1885 година. Неговата збирка се состои од скоро милион дела. Најпознати дела во него се делата на Rembrandt, но таму се наоѓаат и дела на Van der Helst, Vermeer, Frans Hals, Ferdinand Bol, Albert Cuyp, Jacob van Ruisdael и Paulus Potter. Освен слики во музејот има и голема колекција на декоративни уметнички дела; од тапети до стаклени куќи за кукли од 17 от век.

Музејот „Викторија и Алберт – V&A“ во Лондон

V&A Dorothy and Michael Hintze Sculpture Gallery Photography: Richard Waite
Познат и под името „V&A“ музејот се наоѓа во областа Бромптон, Лондон и претставува најголемиот музеј во светот за декоративна уметност и дизајн, со постојана колекција од 4,5 милиони предмети. Именуван е по принцот Алберт и кралицата Викторија, а основан е во 1852 година. Оттогаш до денес се формирани вкупно 145 галерии како дел од музејот. Колекциите опфаќаат уметност од последниве 5 милениуми, од античките времиња до денес, а можат да се сретнат културите на Европа, Северна Америка, Азија и Северна Африка. Во него можат да се видат предмети од керамика, стакло, текстил, сребро, разни носии, накит, мебел, скулптури, цртежи, фотографии, и буквално сè што не би можеле да го видите ниту на едно друго место.

Неон музејот во Лас Вегас

23
Колку и да мислите дека овој музеј нема своја уметничка вредност сепак вреди да се посети. Во него е соберена огромна колекција на стари неонски реклами преку кои може да доживеете дел од историјата на градот.

Нобеловиот музеј во Стокхолм

24

42
Во центарот на стариот дел од Стокхолм е сместен Нобеловиот музеј. На таванот се вртат фотографиите на над 800 носители на наградата. Некои од нив се потпишале на столиците во музејското бистро. Ова е местото каде се создава бесмртноста на научниците.

Музејот на модерна уметност во Њујорк

25
Во Њујорк не е тешко да видите добри уметнички дела, но на врвот на уметничките места се наоѓа овој музеј кој е дом на над 150 000 дела.

Музејот Орсеј во Париз

43
Музејот Орсеј е отворен во 1986. Во истата зграда претходно била сместена железничката станица Гар д’Орсеј. Музејот има поставка од француската уметност од 1848 – 1915 година, вклучувајќи слики, скулптури, мебел и фотографии. Најпознат е по големата колекција на ремек-дела на импресионистите Моне, Дега, Реноар и Сезан. Музејот има 20.000 м² импресивен изложбен простор на четири ката.

„Мори Арт“ музејот во Токио

27
Просторот на музејот “Мори Арт” се наоѓа на 53 кат во облакодерот Мори во областа Ропонги Хилс. Овој музеј е своевидна „Алиса во земјата на чудата“ со своите прекрасни дела од современата уметност.

СПОДЕЛИ
Претходна објава9.Моден викенд Скопје | Април обоен во магента
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР