91xf-r5QnCLИ повторно, Северна Каролина како центар на дејствието, овој пат место на случувања од паранормален карактер, врзани за градските гробишта. Иако неволно, новинарот специјализиран за вакви елаборати, Џереми Марш се упатува кон „местото на злосторот“, наоружан со екипа, опрема и сомничав ум. И секако, полн со себе и својот шарм, типичен за машките ликови на Николас Спаркс.

Самоуверен и совршен, очигледно убеден дека сета фама е само туристичка манипулација, она што му го задржува вниманието е раководителката на градската библиотека, Лекси, која од петни жили се обидува да му го докаже спротивното – светлината која само ноќе е видлива, е повеќе од верна. И покрај извесната деконцентрација која и се случува кога е во негова близина, таа дава се од себе да не падне на неговиот несекојдневен шарм… проблемот лежи во тоа што Џереми е апсолутен неверник, не верува во животот, во среќата, во љубовта – што на Лекси и причинува уште поголем предизвик. Причината поради која тој доаѓа во овој дел на државата станува се понебитна и понебитна… а неговата верба се поинтензивна и повистинска!

Жените сакаат бајки. Односно, не сите жени буквално, но повеќето од нив растат верувајќи дека некаде таму постои вистински човек за нив, таков вид кој би ризикувал се за неа, дури и да е сигурен дека би завршил повреден“… или би завршил во сопствена верба. Чудна е трансформирачката моќ на љубовта.

Велат, „љубовта може да се активира брзо, но на онаа вистинската и е потребно време и труд за да прерасне во нешто длабоко и долготрајно“, ќе рече Спаркс. Крајот ја крие финалната сатисфакција која секако, Ви ја препуштаме Вам.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлаткото задоволство наречено “LADUREE” | Macarons
Следна објаваНаправи сам | Ретро кутија за накит
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ