Даниел Кајмакоски со баладата „Љубави” на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ стигна до големото финале на „Икс фактор”. И жирито, а и самиот Кајмаковски призна, дека ова бил еден од неговите најслаби настапи. Даниел ти и кога грешиш – грешиш со стил, кажа Жељко. Сепак, и ваквиот настап за неговите обожаватели беше сосема доволно да го испратат во финалето.„Даниел, кај тебе нема прашање дали пееш убаво, бидејќи ти секогаш пееш убаво, а мојата верба во тебе е огромна“, кажа Кристина Ковач. Кики Лесендриќ го пофали Даниел дека овој пат навистина му се допаднал стилот на кој тој ја испеа песната, на еден негов препознатлив начин. Емина сметаше дека тој не се покажал во најдобро светло.

Финалето е на 23 март.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=dzqsDOZilB4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAccessorize | пролет/лето ’14
Следна објаваНесекојдневни улични дела
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР