Дали се согласувате дека малите книжевни храмови треба да ја менуваат локацијата поради промена на урбанистичките или бизнис-плановите или пак, навистина треба да си останат на местото по кое се препознатливи? За жал, речиси вкупниот број на читатели немаат право на глас во поглед на ова прашање бидејќи се случи уште во 1985 година, Rizzoli Bookstore да биде преместена на 31 West 57th Street, веднаш зад аголот на оригиналната локација на 57th Street во Њујорк.

Како една од најпознатите самостојни книжарници во САД, Rizzoli Bookstore е најснабдена со илустрирана литература од областа на модата, архитектурата, дизајнот на ентериер, фотографијата и применетата уметност; како и бројна белетристика на англиски и странски јазици, овој мал храм на книгите ќе продолжи да важи за славна дестинација за важните модерни автори и библиофили од целиот свет поради својата понуда, атмосфера и изглед – но, на сосема друга локација. Сопствениците потврдија дека засега остануваат на втората адреса, додека не најдат нов простор за ширење на културниот живот во Њујорк како витален дел од самиот град кој започнал многу децении порано.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

„Пред 29 години, Rizzoli Bookstore го врати шармот на стариот свет, со рачно ковани лустери и прозорци кои прекриваат цел изложен ѕид, со дрвени полици исполнети со мини-богатства, направи ова место да стане миленик на книжевниот свет на кој не остана имун ниту еден автор, библиофил или обичен турист, кој побегна на Петтата авенија два чекори понапред од официјалната локација“,

– се вели во New York Times, за втората преселба. Третата преселба најверојатно ќе има уште подраматичен опис, затоа сопствените препорачуваат да се погледне ова место додека сеуште владее речиси 30 годишниот шарм на просторот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКинематографски фотографии
Следна објаваБои и свежина во 40м2
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР