Оваа недела, премиерно на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде одиграна претставата ,,Живот во тесни чевли’’, по текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Ненад Витанов. Во претставата играат: Драган Спасов, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Иван Петрушевски, Душица Стојановска, Билјана Драгичевиќ – Пројковска и Зоран Љутков. Претпремиерата на претставата е закажана за четврток (06.03), додека  нејзината премиера ќе се одржи во петок (07.03), со почеток во 20.00 часот.

На неделниот репертоар на Драмскиот театар од 03.03 до 09.03 2014 ќе имате можност да ги проследите и претставите: ,,Евридика’’ и ,,Вејка на ветрот’’.

2

ден и час:       08.03.2014 (сабота) | 20.00
претстава:      ЕВРИДИКА
играат: Маја Вељковиќ – Пановска, Диме Илиев, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ, Софија Куновска, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева
автор: Сара Рул
режија: Нина Николиќ

3

ден и час:       09.03.2014 (недела) | 20.00
претстава:      ВЕЈКА НА ВЕТРОТ – Театар Фабрика
играат: Кристина Ласовска, Рубенс Муратовски, Атанас Атанасовски, Драгана Левенска
автор: Коле Чашуле
режија: Ирена Стеријовска

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕуфоријата пред оскаровската вечер
Следна објава2014 | Oскаровци
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР