Дали знаевте дека во вените на еден библиофил наместо крв, тече кафе? Од Barnes and Nobles тврдат дека е тоа така, упатувајќи на седумте факти за тоа што значи да се биде библиофил. Веруваме дека донекаде сте го знаеле ова, додека бесшумно сте се бореле со несоницата броејќи сирени, запазувајќи детали по улиците или следејќи го секој од споредните ликови со крајчето на окото – се’ тоа, додека читате. Како прилично интензивен процес со кој секој библиофил се гордее, следуваат 7 работи поврзани со читањето кои горе-долу се познати:

1. На библиофилите не им е потребен прекинувач на тишината. Тие самите започнуваат разговор. Не само што читаат книги, туку ги поседуваат, разменуваат, подаруваат. Препорачуваат, во голема мера. А тоа звучи како совршена тема на еден дооолг и исполнет разговор…

2. Библиофилите имаат неверојатно чувство за купување и складирање. Новите наслови веднаш по вдомувањето се третираат како нови членови на семејството, се прави нов распоред на полиците или библиотеката, се’ заедно, пропратено со доста ентузијазам и задоволство.

3. Реално, библиофилите веруваат во вистинска љубов. Но, тоа не ги спречува од додворување во бар, затоа што прочитале стотици реченици кои ќе им обезбедат друштво. Духовити коментари од кои вреска интелигентна нишка се дефинитивно вредни за внимание.

4. Библиофилите одржуваат контакт со своите емоции. Ја познаваат вистинската комбинација на зборови која ќе поттикне солзи, смеа, нервоза… и комбинацијата да ги предизвика сите одеднаш! Се сеќаваат на тие т.н. рецепти дури и во најсекојдневните ситуации и умешно ги користат комбинирани со сопствените емоции.

5. Иако забораваат на останатиот тип на дружење, библиофилите го одржуваат својот клуб на читатели. Можеби не можете да ги замислите дека тие навистина се забавуваат, но паметните натпревари или предизвици за читање или вежбање меморија се нивна омилена активност.

6. Библиофилите можат да пијат како Хемингвеј. Кој рече дека не може да се забавуваат како остатокот од светот? Одвреме-навреме, затоа што си го сакаат својот црн дроб во здрава состојба.

7. Верувале или не, библиофилите се големи бунтовници. Ако светот вели carpe diem, библиофилите се согласуваат – на свој начин. За нив зграпчувањето на денот значи донесување одлука дали денот ќе се помине во омилената фотелја или на клупата во паркот… тука е нивниот бунт!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали е потребно да кажеш Те сакам?
Следна објаваБаби со стил
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР