1

Во пресрет на сезоната пролет/лето, најновиот каталог на британскиот бренд Laura Ashley ќе ви ги згрее срцата со прекрасната колекција за освежување на домот. Линијата претставува неколку различни стилови во ентериерот, комбинирајќи ги мотивите од англиската природа и бескрајната љубов кон домот. Свежината и сензуалноста на пастелните нијанси, боите на розата, зеленото јаболко, нежно сината, жолтата, и поинтензивните тонови на флоралните принтови го оживуваат романтичниот амбиент, блескав и полн со детали. Текстилот на завесите и ѕидните тапети, пак, потсетуваат на раскошна градина, расцутена со хортензии, божури, винова лоза и птици.  Керамички детали со кантри шарм, ленени подни прекривки во рустичен стил и плетени додатоци – вистинска идила за внесување на пролетната магија во домот. Безброј изненадувања, со убави идеи и нови инспирации за сезонско освежување на вашиот дом, спакувани во пролетна збирка со деликатен дизајн. Уживајте во глетката, и одберете ја вашата омилена тема!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Продавач на знамиња
Следна објаваСветлината на Азија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР