Инстаграм го доживува своето златно доба веќе некое време. Се’ поголем е бројот на корисници кои ги споделуваат најубавите фото-моменти од животот на оваа социјална мрежа, а меѓу нив, не се исклучок ни дизајнерите на ентериер, блогерите и сите трендсетери чии стилски предлози верно се следат. Oвојпат, ви ги претставуваме осумте најпопуларни трендови за уредување на домот, со декоративни идеи кои можете да ги позајмите и разубавите и вашето катче за живеење. Инспирирајте се преку #Инстаграм!

#1. Aрт масичка за кафе

01

Малите, уметнички средени масички за кафе, весници и сите ситници кои ги сакаме се голем тренд, особено во блогосферата. Иако преплавени со омилените томови книги, свежо цвеќе и колекционерски предмети, тие не се нималку несредени, туку добро стилизирани и изгледаат многу привлечно. Она што е сигурно е дека вашиот дом ќе изгледа многу поживо со едно вакво мало арт катче во него.

#2. Сино-бел порцелан

02
Сино-белиот порцелан е секогаш шик. Можеби не сте љубители на порцелански детали во големи количини, но малите винтиџ порцелански сетови се вистински хит во уредувањето на ентериерот според Инстаграм. Свежото цвеќе, дрвца и декоративното зеленило изгледаат многу елегантно поставени во класичен сино–бел порцелан.

#3. Убави салфетки

03
Можеби не им обрнувате големо внимание, но уште еден детал е голем хит – убавите салфетки како декор на чинијата и трпезата. Не било какви, или класични, туку нашиени, со принт, со слика, и уште ако се поставени во форма на оригами тогаш сте на добар пат да ги воодушевите вашите гости на вечера. Монограмите остaваат личен печат, а доколку на вашата маса се најде и некоја уникатна вазна, тогаш сигурно ќе имате за што да зборувате таа вечер.

#4. Впечатлива влезна врата

04
Иако не се популарен избор кај нас, интересните влезни врати со впечатлива боја и дизајн се тренд, и тоа голем ширум светот. Доколку сакате предната врата да ја изразува вашата индивидуалност, стил или став, одлучете се за атрактивна и необична боја со која ќе посакате добредојде на влезот од вашиот дом.

#5. Ѕидни тапети и мурали

05
Некои ги сакаат повеќе, некои помалку, но украсувањето на ѕидовите со тапети и мурали е уште еден актуелен тренд за кој можете да сретнете убави предлози на Инстаграм. Просторите оживуваат кога се обвиткани со позадини богати со детали, како рачно насликаните мурали, тапети со крупни цветни дезени или други впечатливи акценти.

#6. Воодушевувачки градини

06
Од многу големи дворови до мали тераси, добро негуваните свежи катчиња се нешто на што треба да обрнете внимание. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за двор со многу детали, како фонтани, цветни мозаици или зелени лавиринти налик на Версајските градини, или пак вашиот избор ќе биде минималистички уредена зелена оаза, потрудете се вашата градина или тераса да биде место кое ќе краде воздишки.

#7. Леопард принт

07
За љубител(к)ите на ,,анимал’’ принтовите, леопард-деталите се атрактивен начин да му дадете трендовска нота на омиленото катче. Леопард принтот е мошне популарен на Инстаграм, а на вас е да ја одберете најдобрата идеја,  каде, како и колку ќе го искористите во вашиот дом.  Мебел или текстил, доволен е и мал детал со овој дезен за да го разиграте дури и најмонотониот простор.

#8. Шиена постелнина

08
Зошто да купувате класични постелнини кога можете да уживате во уникатни, специјално изработени прекривки со крој, дезен и материјал по желба? Внесете боја во вашата спална соба, и освежете ја белата постелнина со навезен монограм, цветни мотиви или уникатен дезен по личен вкус.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Фотографија на платно
Следна објаваВо МОБ овој викенд | Модетската оперска претстава “Клинг-Кланг 3“
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР