Парфем – Патрик Зизкинд

.1.Високо рангирана од магазинот People, како „приказна која наликува на древна бајка од Арапските ноќи, каде неизвесноста и ужасот растат со секоја свртена страница… ремек дело на имагинацијата, магија на исткајаното искуство на мириси“, приказната на Зизкинд е истовремено емоционално длабока и човечки плитка.

Тој поседуваше моќ. Тој ја држеше моќта во своите раце. Моќ посилна од парите, теророт или смртта – непобедлива моќ која можеше да командува љубов на човештвото. Само едно нешто истата таа моќ не можеше да му направи: да направи тој да се помириса себеси…“

Роден во Париз на почетокот од 18ти век, Жан Баптист Гренуил е оставен позади штанд со риба и сочуван од страна на случајни минувачи – оставен како непожелно чедо и израснат во сиропиталиште, од рана возраст е испратен како чирак, каде работи до смрт; како што станува подобар во својата работа, така му се пружа слобода да талка низ париските улици во потрага на нови мириси поради своето вродено истенчено чувство за мирис. Се случува да почувствува дотогаш непознат мирис, за кој подоцна дознава дека е во сопственост на една девојка, дури и од неверојатна дистанца. Ја следи се до непосредна близина во мракот, ја чувствува нејзината кожа, косата, содржината на телесните течности и среќа му го обзема срцето. Го напушта безживотното тело без грижа на совеста. По овој грозоморен акт, тој бара работа во локалната мануелна парфимерија Балдини, каде го уверува сопственикот во својот уникатен нос и широката меморија за мешање на есенциите – Балдини, видно импресиониран, го прифаќа Жан Баптист и станува најбогат производител на парфеми во Париз.

Оној кој господари со мирисите, господари и со срцата на луѓето…“

Испратен да научи за новиот начин на дестилација во Грас, пропратно учи дека парфем може да се источи и од неживите предмети, освен од цвеќињата и овошките. Продолжува кон животните, сфаќајќи дека првин треба да ги убие за да го добие вистинскиот мирис. Си поставува цел – мирисот на девојката која ја уби во Париз, да го најде повторно и од тоа да направи парфем досега непознат на светот… при остварувањето на целта, убива 24 девојки, ги дестилира нивните мириси и конечно стигнува до црвенокосата Лаура, девојката која му го зароби срцето уште од мрачните лавиринти на Париз.

Ретроспектива на еден универзален, магичен рецепт. Различна приказна за генијалец по мирисен рецептор каде сумарумот се сведува на изопачена смисла за уметност. Непосредно пред крајот, индивидуалната сериско-болна пасија се претвора во масовен морален пад на личноста, сервирајќи промискуитет пред очите на светот, иако тоа значи негово ослободување од законските пранги на Франција. Можеби ќе изреагирате конзервативно на таквиот расплет, но за сигурно се согласуваме дека уметноста треба да го извлекува благородното од човека, а не неговите највалкани страсти.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто девојките сакаат да бидат Дизни принцези?
Следна објаваПисма | Quentin Scribbler
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР