Постојат мини домови, кои и покрај малиот простор со кој располагаат, толку се убаво и компактно уредени, што едноставно посакувате да бидат ваши. Ова мало семејно гнездо во Барселона е едно од нив – блеска со љубовта и топлината на домот кои се чувствуваат во секое катче, а притоа е одличен пример за практично уредување на стан со мала квадратура, со многу паметни идеи кои можете да ги позајмите. Како да направите вашето семејство да се чувствува комотно и пријатно во дом со скромни димензии? Овде, тоа е постигнато со креирање отворен план во кој се поврзани сите простории меѓусебно, што им овозможува заедничко споделување на миговите во текот на денот. За секоја просторија и предмет е пронајдено адекватно решение каде е најдобро да се смести, па дури е направена и анализа на движењата што семејството ги прави во секојдневието. За дневен престој е резервиран делот со најмногу природна светлина, во кој е поставена софа во ,,L’’ форма, мини канцеларија веднаш до неа и удобна трпезарија зад нив. За издвојување на кујната, наместо ѕид поставена е стаклена преграда, која ги изолира звуците и мирисот од кујната, а дозволува непречен проток на светлината. За мали кујни, идеален избор е распоред со два паралелни реда, еден наспроти друг. Во спалната, пак, дизајнирана е ниска преграда помеѓу гардероберот и креветот, со која е издвоена мала зона за пресоблекување, а има повеќенаменска функција: служи како библиотека од едната страна, и шкаф за чевли од другата. За што повеќе простор за складирање, по ширината на целиот ѕид се поставени плакари, со висина од подот до таванот. За визуелно зголемување на станот, пак, секаде се настојува максимално да се искористи надворешната светлина, во ентериерот во кој умешно се споени топли неутрални бои, свежи пастелни тонови и светли дрвени допири. Декорациите се нежни, префинети и романтични детали избрани со многу стил и вкус. Погледнете ги фотографиите и одберете ја вашата омилена идеја!

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетна инспирација од H&M
Следна објаваХартијата како медиум | Li Hongbo
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР