00001

Со пролетта на прагот, најновата кампања на H&M Home донесува грст убави идеи и интересни аксесоари за освежување на домот во пресрет на новата сезона. Вклучувајќи повеќе актуелни трендови во пролетната колекција, понудата на H&M варира од строг минимализам до опуштен боемски шик, во која царуваат романтичните детали во духот на 70-тите, ведрите поп арт мотиви, монохроматската игра и флоралните дезени. Палетата е свежа и пролетна, со додатоци во ведри бои и весели принтови кои ја разбиваат монотонијата на неутралните тонови, а притоа не се пренападни, доколку вашата желба е елегантен изглед на ентериерот. Во каталогот на популарниот шведски бренд претставени се четири тематски инспирации за сечиј вкус, спакувани во исто толку различни стила за уредување на домот: модерен винтиџ, боемска романса, графичка елеганција и колоритен поп стил.

1

За свеж пролетен ентериер, предлогот на H&M е нов модерен винтиџ стил. Ленени ткаенини, индустриски завршетоци, суптилни бои и рустичен шарм се добитната комбинација за оваа цел.

4

Темата боемска романса ги обединува романтичното чувство и боемскиот шарм во домот. Со цветни дезени, меки материјали и пастелни бои, на најубав начин ќе ја внесете пролетната магија во домот, а истовремено ќе го ,,облечете’’ бохо ентериерот во романтично руво.

6

Доколку трагате по софистициран пролетен изглед на домот, тематскиот избор е графичка елеганција. Графичките дезени со црно-бело шема се минималистички, но мошне елегантни, а во комбинација со колоритните акценти во сончева жолта, светло сина и зелена боја се идеален тандем за оваа сезона.

8

За вљубениците во поп арт културата, H&M препорачува колоритен поп стил, кој ги спојува интензивните бои и поп принтовите во декор кој целосно ќе ја рефлектира вашата индивидуалност во домот.

Графички минимализам, игриви принтови или релаксиран бохо шарм – одберете ја вашата омилена тема за оваа пролет!

2

06

3

01

9

02

7

SS 2014

11

04

05

015

09

4

08

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Ренесансата на Хедер
Следна објаваМини стан полн со убави идеи
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР