006

Подготвени за убаво изненадување? Спакувано е во смело и инвентивно дизајниран стан, кој е вистинска инспирација за сите љубители на убавите бои во домот. Пристигнува од рускиот град Новосибирск, во реновиран станбен простор од 1958-та година, за чија трансформација најзаслужна е архитектата Алина Пужак. Со површината од 58 метри квадратни е негде помеѓу мал и удобен стан, но паметниот распоред и добрата организација овозможуваат практично искористување на секој слободен простор за функционална намена. Пријатна дневна соба, трпезарија, компактна кујна и ходник интегририрани се во една отворена целина, а станот располага и со екипирана бања и лежерна спална соба, во која е пронајдено место и за мини канцеларија. Се’ е организирано во хармонично катче за живеење, со дизајн кој ги исполнува сите желби на младиот пар во чија сопственост е овој атрактивен стан. Уникатниот изглед, пак, се должи на неодоливиот спој на жолтата и сината боја, кои како тандем се внесени во секоја просторија, некаде суптилно, некаде поинтензивно. Во овој стан, се покажуваат како совршен избор за разигрување на белината на ѕидовите и неутралните тонови на мебелот и остатокот детали. Ентериерот е уреден е во модерен стил, во кој свежината внесена со веселите бои нималку не одзема од елеганцијата на просторот, туку напротив – одлично се надополнуваат. Зачинет е со фини детали и умерена доза гламур, а каков е ефектот, просудете сами од фотографиите во продолжение.

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКласични уметнички дела низ улиците
Следна објаваКнижевен Валентин | Adam Ellis & HCB
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР