Февруари е несомено месец на љубовта. Еуфоријата околу подароците, изненадувањата, смислувањето на поетски мали композиции, како и слатки чоколадни бомбониери во облик на срце го создаваат духот на Валентин. Но, зошто да не едно така фино патување за следниот викенд?

Доколку да, каде би патувале?

Еве неколку идеи од Divian Arts…

1. La Tour Eiffel

Првата асоцијација на Париз е Ајфеловата кула. Искачувањето на неа е искуство кое едноставно мора да се доживее. Погледот на Градот на светлината е неверојатен, исто како романсата која се чувствува во воздухот.

La_Tour_Eiffel_II_by_big_d

2. The London Eye

За време од триесетминутна ротација, ќе уживате во убавината на тмурниот Лондон. Преубавите глетки, тајните бакнежи во стаклената кабина, додека капки дожд нежно удираат, креираат неверојатна валентајнска атмосфера.

London_Eye_-_free_computer_wallpapers

3. Wailea Beach

Пријатна попладневна прошетка низ една од најубавите плажи на Хавајските Острови е нешто кое на сите ни е потребно по долгите стресни работни месеци. Задолжително сончање, пливање и сурфање.

wailea-beach-b1

4. Stowe, Vermont

Во Laughing Moon Chocolates ја имате можноста да направите само чоколадо, како совршен подарок за саканата личност, или пак да ја искористите оваа можност за да ги извежбате заедничките креативни вештини.

fruitforballonfest

5. Manoa Falls

На само 20 минути од туристичкиот метеж во Хонолулу, можете да ја почувствувате разбудената природа кај овие водопади. Идеално за да се направи мирен и тивок романтичен пикник.

ManoaFalls-22

6. Hotel Del Coronado

Омиленото престојувалиште на L. Frank Baum, авторот на “Волшебникот од Оз”. Со интересна архитектура, сместен на крајбрежјето на Сан Диего, овој хотел дефинитивно ќе стане меѓу омилените.

HR7-OH_Feb_Mar13_TownFocus

7. Golden Gate Park

Иако е во Сан Франциско, околината на овој парк прави да се чувствувате како во Јапонија. Можеби е до барата, многубројните цвеќиња или чајот, но овој парк ќе го одложува Вашето заминување колку што може подолго.

holt-901-32

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБебиња во приказните | National Storytelling Week
Следна објаваЖенствено и минималистички
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР