Популарната американска актерка, Скарлет Јохансон, од неодамна е сопственичка на нова летна куќа во Хамптон, чија вредност се проценува на 2.2 милиони долари.

13 (2)

Новиот дом на русокосата филмска ѕвезда е двокатна куќа со површина од 325 метри квадратни. Сместена е на плац од 1.4 акри, на мирна локација во непосредна близина на резерватот Peconic Land Trust и националниот парк Napeague. Тивкото опкружување и лежерниот тон во кој е уредена куќата, и гарантираат спокој и приватност, за фин престој во пријатна атмосфера, по што трагала актерката.

По дизајнот, потсетува на студио, со отворен план на пространите катови, облагородени со топли и богати подови од борово дрво. Лизгачките врати се отвораат кон големиот двор, каде ја дочекуваат бескрајни палуби за сончање и базен. Во внатрешноста, пак, располага со четири спални соби и пет купатила. Главната спална соба има сопствен балкон и камин, а и трите гостински спални соби се со приватни тераси. Срцето на овој идиличен дом е прекрасниот ѕидан двоен камин.

Погледнете како изгледа приватниот рај на Скарлет Јохансон…

1

4

2

3

7

8

9

5

11

6

10

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен стан со отмен изглед
Следна објаваSpringfield колекција за оваа пролет
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР