Отменост, елеганција и стил – трите зборови кои најдобро го опишуваат изгледот на ова преубаво станбено катче во Стокхолм, Шведска. Станува збор за модерен стан со површина од 82 метри квадратни, кој може да се пофали со првокласен дизајн на ентериерот, уреден по мера и со многу вкус. Комбинацијата на бела и црна боја доминира во просторот, давајќи му класична елегантна нота, префинетост и аристократски гламур на домот. Колоритните акценти, пак, го освежуваат и разигруваат ентериерот, со изборот на шармантни детали во бордо, сенф и виолетови тонови, како и убав текстил со атрактивни дезени. Креиран е отворен план, обединувајќи ги во една стилска целина салонот, кујната и трпезаријата, екипирани со квалитетни парчиња мебел и аксесоари. Декорот, пак, го сочинуваат внимателно избрани уметнички дела, цветни аранжмани и фини украси, кои иако минималистички и суптилни, внесуваат дополнителен сјај и го облагородуваат амбиентот. Беспрекорно стилизиран нордиски дом, на кој е навистина тешко да му пронајдете мана. Инспирирајте се…

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJust Cavalli | пролет/лето ’14
Следна објаваПриватниот рај на Скарлет Јохансон
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР