1

Едно дете ѝ вели на својата мајка – „мамо, изгледаш многу убаво денес“. Мајката, изненадена прашува зошто… детето повторно ѝ одговара, „затоа што ниту еднаш не се налути денес“.
Поука: Лесно е да се поседува убавина, лутината е привремено лудило кое ѝ штети.

B

Еден човек се упатил на интервју за работа. По должината на улицата, наишол на празни шишиња и ги фрлил во контејнерот. Човекот кој требало да го спроведе интервјуто го видел и човекот ја добил работата штом стигнал во фирмата.
Поука: Живејте со добри навики и еден ден истите ќе Ви бидат признаени.

3

Едно момче работело како чирак во продавница за велосипеди. Еден човек испратил велосипед на поправка – откако момчето ја поправила штетата, го исчистило велосипедот што истиот изледал како нов. Останатите чираци му се смееле затоа што завршил дополнителна, непотребна работа. Откако сопственикот го добил велосипедот назад, го повикал момчето и му понудил сериозна работа.
Поука: Правете дополнителни километри за да бидете успешни. Правете повеќе, добијте повеќе.

4

Еден сопственик на нива побарал од својот син тој да работи секојдневно на нивата. Негов пријател го посоветувал дека тоа не е потребно, дека нивата сама ќе роди и без синот да ја одлегува и култивира. Таткото одговорил – „јас не го правам тоа за нивата, тоа го правам за мојот син“.
Поука: Едноставен начин Вашите деца да пораснат е да ги соочите со извесна тешкотија. Ако не се стават под притисок, тие ќе останат камења наместо да прераснат во дијаманти.

5

Една продавница била секогаш осветлена. Некој случаен минувач љубопитно го прашал газдата каков тип на светилка користат, бидејќи истата била премногу трајна и сјајна… газдата само му рекол – „нашите светилки многу често прегоруваат. Ние ги менуваме секој ден“.
Поука: Многу лесно се задржува светлината, ако редовно ги менувате светилките. Осветлете го Вашиот живот, откажете се од лошите мисли и направете напор и Вашата околина да биде светла!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевно задоволство | Book Lover’s Chocolate
Следна објаваРеалност на хартија | Karla Mialynne
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР