Во суштина, уредноста на работното биро повлекува уредност во работните обврски, ред кај работните навики и задоволство поради работниот успех. Па, затоа што се случува да тежиме кон главоболка од преголема употреба на придавката „работно“, Ви предлагаме креативен Направи сам проект кој ќе Ви ги уреди мислите додека работите на Ваши поголеми проекти…

Потребно Ви е:
– подметачи од плута
– интересен материјал
– боја за табла
– спреј во боја
– хефталка
– четка
– лепило
– ножици

2

3

4

5

Чекор еден значи да ги обвиткате подметачите со материјалот, како што е прикажано на сликата – првин нанесете лепило, па на опачината зацврснете со хефталката (пожелно е да имате пиштол-хефталка). Вишокот материјал исечете го. Повторете ја оваа постапка уште на два подметачи. Чекор два се однесува на нанесувањето спреј на четири подметачи, додека чекор три означува нанесување боја за табла на останатите два подметачи. Оставете ги да се исушат.

Финалниот чекор во суштина е само нивно подредување на ѕидот над Вашето работно биро и нивно исполнување со фотографии, мемо-картички и слично. Уредно и уникатно.

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМеста во Венеција кои не смеете да ги пропуштите
Следна објаваJust Cavalli | пролет/лето ’14
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР