Според бестселерот на John Green, The Fault in Our Stars, ова лето се очекува филм, кој дефинитивно ќе ја разбуди емоцијата дури и во најцврстото срце. Доколку сте немале можност да ја прочитате книгата, побрзајте да го направите тоа во најбрз можен рок.

Добрата книга опишува не толку типична, но неверојатно силна љубовна приказна на двајца тинејџери. Hazel, чија улога ја презема ѕвездата од The Descendants, Shailene Diann Woodley, го запознава Augustus, (Ansel Elgort), во група за поддршка на заболените од карцином. Ракот на белите дробови не ја спречува Hazel да тргне со својата нова љубов во Амстердам, по потрага на нивниот омилениот автор, Peter Van Houten. Страшната вест која ќе ја дознаат на своето патување ќе им ги скрши срцата.

Филмот, како рингишпил на емоциите, ќе Ве натера да плачете, да се смеете и да се замислите за тежината на самиот живот и борбата за да се истрае во него.

Untitl1ed

Untitle33d

Untitle111d

Untitl222ed

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧудни улични дела | Escif
Следна објаваНе постои машки или женски сон
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР