14

,,Paris in Color’’ (,,Париз во боја‘’) e прекрасна збирка принтови кои ја прославуваат уметноста на животот во градот на светлината и љубовта. Во колоритни колажи врамени се сите интимни детали на француската метропола, малите убави нешта кои и даваат посебен шарм, а често се засенети од иконските знаменитости. Овие неодоливи креативни дела се изработени од Nichole Robertson, вљубеничка во пишувањето, фотографијата и фината уметност, која деликатно ги средува и комбинира фотографските фрагменти по боја, создавајќи стилизирани мозаици со естетска и декоративна намена. Мини разгледниците во боја се вистински празник за очите, за сите вљубеници во уметноста, дизајнот, боите, и секако – Париз! Која е вашата омилена боја?

01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрв ковер на Virtual Complex
Следна објаваДали за Керол | Алиса во илустрации
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ