2

Какво неверојатно место! Некогаш прекрасен италијански средновековен дворец, а денес автентичен хотел кој им ја раскажува древната бајка на своите посетители, искусувајќи ги романтичноста и преубавата едноставност на средновековните италијански села, во амбиент во кој минатото останува значаен дел од сегашноста. Sextantio Albergo Diffuso е уникатен бутик – хотел сместен во Свети Стефано ди Сесанио – малото сликовито село, извишено на 1250 метри надморска височина во италијанската регија Абрузо. Северно од Рим, на само два часа возење од вечниот град, ова живописно средновековно село се смета за една од најубавите, но и најдобро сочуваните историски драгоцености во Италија. Стариот планински локалитет сега е комплетно возобновен, благодарејќи на архитектонското студио ,,Oriano Associati’’, чиј креативен тим умешно го реставрирал, задржувајќи ја посебноста на средновековната архитектура, но и на внатрешното уредување.

1

Соработката со мноштво локални организации и занаетчии, му овозможува на ова чудесно здание да изгледа навистина посебно, налик на традиционалните селски хотели. За да се зачува локалниот карактер, вешто е затскриена целата модерна технологија со која хотелот несомнено располага. Во градбата и уредувањето, од мебелот па сe’ до текстилот, користени се оригинални и локални материјали од планинската регија Абрузо. Однадвор, сочувани се белезите на оригиналниот селски живот, додека во внатрешноста, уредувањето е сведено на функционален минимализам. Иако не е дел од луксузната и грамурозна италијанска хотелска рута, ова е дефинитивно место за сите со изразено чувство за авантура, страст за историја и автентичност, но и сите оние жeлни за нови и интересни искуства. Елегантната локација и навистина посебниот, старински, но сепак модерен хотел, во комбинација со совршените локални специјалитети се рецепт за совршен и незаборавен одмор.

3

4

7

6

7а

12

14

15

16

17

18

19

24

27

31

34

36

37

32

20

29

25

26

39

40

21

42

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗара | Кампања пролет/лето ’14
Следна објаваСекоја врата може да се отвори
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР