Обично, категоријата Дизајн е застапена со многу креативни автори кои доаѓаат од големи (или мали) дизајн-студија, чии дела се производ на целосно истражување, труд и реализација на една дизајн идеја. Но, ова не важи за Alexi Mccarthy, авторот на оваа забавна и креативна полица за книги.

Дизајнерот, ако можеме така да го наречеме, ја раскажува приказната за создавањето на истата – „се’ започна како обичен разговор со мојата девојка. По една година, со врската татко-син и работата првично именувана како Face Shelving е конечно завршена. Идејата е тоа што различното сместување на книгите ќе создава различни изрази на лицето…“, каде што се докажува природата на проектот, креативен Направи сам подвиг. Уживањето да си замислувате различни изрази на лицето на Вашиот ѕид ќе делува во различни комбинации: со додавање трепки, мустаќи, коса…

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Блуз на зајдисонце
Следна објаваРетро еколошки телевизор
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР