Еднаш еден професор во средно училиште влегол на час носејќи ништо, освен чаша која до половина била полна со вода. Неговото прашање кон учениците било, што претставува чашата? Некои рекле дека е поливина празна, некои дека е половина полна, додека некои прашале колку изнесува нејзината тежина.

За прашањето со тежината, професорот рекол дека тоа зависи од самите нас. Отакако му биле упатени збунети погледи, тој објаснил дека чашата е прилично лесна, но доколку ја држиме еден час ќе почувствуваме дека нејзината тежина се зголемува. Како ќе минува времено, раката ќе почне да се вкочанува, се до оној момент кога целосно ќе се вкочани и ќе се почувствува голема болка.

Сосема исто како и со проблемите. Колку повеќе размислуваме за еден проблем, толку тој се повеќе и повеќе расте во нашите глави, се додека не почувствуваме целосна блокада во свеста и добиеме напади на анксиозност и паника. Тогаш проблемот е огромен, а ние сме толку ситни и немоќни да го решиме.

Затоа третирајте ги Вашите проблеми лошо. Не размислувајте постојано за нив, поготово не кога сте уморни или уплашени од нешто. Вниманието за нивното решавање секогаш нека биде посветено кога сте добро наспани, смирени и можете да ги разграничите појасно работите. Секогаш гледајте на еден проблем како на чаша со вода, со значително мала и совладлива тежина, бидејќи не постои проблем кој не може да се реши.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Дамите од Авганистан
Следна објаваЧовечки верзии на фигурите од шахот
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР