Посетата на Венеција е како посета на самото минато. Толку мала, а толку привлечна, исполнета со уметност, култура и романса. Пријатната клима, раздвижената толпа туристи и неколкуте мештани кои со нервозни лица итаат низ гужвата за да пристигнат на своето работно место ја сочинуаваат самата циркулација на позитивната енергија во градот. А што да се рече пак за гондолите? Оние кои постојано пловат полека под мостовите и несебично го шират сплотениот дух на вљубените од фенер на фенер по зајдисонцето на еден топол летен ден.

За да се прегледа се во Венеција, потребен е минимум еден непроспан месец, добра кондиција за пешачење и малку повеќе кеш, но доколку имате само неколку дена на располагање, Ви ги претставуваме следните топ пет дестинации кои никако не смеете да ги пропуштите.

Famous-Venetian-Gondolas,-Venice-,-Italy

1. Плоштадот св. Марко (Piazza di San Marco)

Сакале или не, не можете да го избегнете. Овој плоштад е самата душа на островот. Немојте да се изненадите доколку чуете некоја рана барокна композиција, тоа тука е сосема нормално. Понесете храна за гулабите кои ви посакуваат топло добредојде и дозволете неверојатната архитектура да Ве остави без здив.

The-piazza-San-Marco-and-its-pigeons

dscf4208010

2. Базиликата св. Марко (Basilica di San Marco)

Најголемата и најбитната црква во Венеција. Со богата екстериерна фасада, а со уште побогат ентериер. По единаессетиот век базиликата го добила прекарот  Chiesa d’Oro, што значи Црква од злато. Нејзината убавина е неизмерна и во неа инспирација може да најде секој архитект или склуптор.

Veneto_Venezia2_tango7174

3. Риалто мостот (Rialto Bridge)

Еден од најстарите мостови кои го делат Големиот Канал. Тука фреквентноста на туристи е најголема. Од едната негова страна е San Marco, а од другата San Polo. Кон која и да гледате Ве уверуваме дека нема да погрешите. Лесното пловење на чамците различните јазици кои ги слушате околу вас ќе ве смират и ќе ви дадат шанса да се одморите од долгата прошетка.

Beautiful-Night-Venice-HD-Wallpaper-Photos-1024x576

4. Академската галерија (Gallerie dell’Accademia)

Овој музеј опваќа уметнички дека од четиринаесетти до осумнаесетти век, повеќето од венецијански, како и дел од италијански уметници. Вистински рај за вљубениците на сликарството. Во оваа галерија ќе ве дочека и познатото дело на Да Винчи – Витрувијански човек.

1024px-Cima_da_Canegliano,_Madonna_col_bambino,_Giovanni_Battista_e_apostolo_Paolo,_Gallerie_Accademia_Venezia

5. Базиликата на дева Марија Фрари (Basilica di Santa Maria Gloriosa dei Frari)

Сместена во срцето на Сан Поло, оваа базилика е исто така уточиште за креативните уметнички умови. Покрај духовниот мир кој извира од самиот олтар, битен факт е дека токму во оваа базилика се дело на првата документирана работа на Донатело во Венеција – фигурата на св, Јован Крстител на првата хорска капела, на јужната страна на базиликата.

00view

Со самата прошетка низ тие тесни мистерични сокаци се впива венецијанската магија. Дали е тоа до воздухот, архитектурата, или пак рачно изработените маски кои срамежливо наѕирнуваат низ пригушените излози? Тоа Ви го оставаме Вам да одлучите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали за Керол | Алиса во илустрации
Следна објаваНаправи сам | Креативни потсетници
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР