Ноќевање во еден од овие хотели чини вистинско богатство – тие се ремек дела на архитектурата, со грандиозна градба и раскошни ентериери, опсипани со луксуз, погледи од кои застанува здивот и беспрекорна услуга која им ја нудат на своите гости. Ве водиме на интересна прошетка во светот на гламурот, патувајќи до атрактивните локации долж меридијаните. Вака изгледаат најлуксузните светски хотели, а за вас ги одбравме топ 5 – најдобри од најдобрите. Уживајте во глетката!

1. The Emirates Palace (Абу Даби, Обединети Арапски Емирати)

a1

Хотелот чија изградба чинела нешто повеќе од 3 милијарди долари, денес го краси Абу Даби со својот излед на палата, достојна за најмоќниот султан. Неколку од причините поради кои светските патници сакаат да престојуваат тука: ова импресивно здание располага со речиси 400 соби и апартмани, бела песочна плажа, 50 фонтани и базени, најдобро опремениот спа центар во светот, 40 конференциски сали, различни видови мермер од сите страни на земјината топка, како и стотици кристални лустери. Описот може да продолжи до недоглед, но и тогаш зборовите се недоволни да ја опишат цела убавина која може да се открие на ова место.

a3

a4

a2

2. The Mardan Palace Hotel (Анталија, Турција)

b1

Многумина за овој чудесен хотел тврдат дека е најлуксузниот на Медитеранот. Иако тоа не може со сигурност да се потврди, дефинитивно може да се прогласи за едно од најимпресивните изданија во светот. Хотелскиот комплекс располага со базен кој собира 1000 луѓе, а украсен е со речиси 10 илјади тони фин бел песок, специјално увезен од Египет за да им се oвозможи совршена плажа на гостите. Ентериерот е исполнет со елегантен италијански мермер, кристал и злато, а атракција е и аквариумот во кој пливаат стотици разнобојни и егзотични риби.

b3

b4

b2

3. The Westin Excelsior (Рим, Италија)

c1

Сместен на познатата монденска римска улица Виа Венето, овој хотел ги вгостува богатите и славните повеќе од сто години во вечниот град. Најлуксузно опремен е апартманот Villa La Cupola, кој се простира на два ката, со сопствена сауна, џакузи, парна бања и теретана. Ентериерот на апартманот е деликатен спој на скапоцен ,,старински’’ мебел и најмодерна технологија.  Таваните, пак, налик на оние во катедралите, рачно се насликани во фреско-техника. Che bellezza!

c2

c3

c4

4. The Burj Al Arab Hotel (Дубаи, Обединети Арапски Емирати)

d1

Најпознатиот хотел во Дубаи, распослан е на приватен остров, и е вистинска оаза на луксузот за посетителите. Секој апартман се простира на два ката, со фасцинантни глетки на морето. Покрај тоа, во богатата понуда на хотелот се вбројува и сопствен хелидром, подводен ресторан, највисокиот тениски терен на светот, како и можноста за користење на Ролс Ројс управуван од личен шофер.

d2

d3

d4

5. The Plaza (Њујорк, САД)

e1

Во срцето на Њујорк, лоциран е грандиозниот хотел на Менхетен, кој бележи повеќе од стотина години постoење, и официјално се вбројува во историско-националните обележја на ,,Големото јаболко’’. А што го прави најлуксузен? Апартманот со три спални соби и три бањи, библиотека, теретана, кујна преполна со намирници за оние кои на патување поаѓаат со личен готвач, а достапна е и услугата на батлер, па дури и пијано во собата. Детската соба за игри, пак, претставува исполнување на сонот на секое дете. Импресивно, зар не?

e2

e3

e4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈагуар 2014 Big Game| Британските Негативци “Рандеву”
Следна објава3D цртежи | Ben Heine
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР