Животот е како патување со воз. Луѓето се качуваат и симнуваат, на одредени станици не чекаат разни изненадувања; пријатни и непријатни. На патувањето тргнуваме со луѓе за кои мислиме дека во текот на целото патување ќе бидат со нас, но тие во текот на патувањето слегуваат од возот. Тоа се нашите родители. Меѓутоа во возот можеби претходно имало или ќе влезат други личности кои исто така се наш важен сопатник на ова патување. Тоа се нашите браќа и сестри, роднини и пријатели на кои ќе им дозволиме да седнат покрај нас, во нашиот вагон. Има и такви кои патуваат само една станица заедно со нас, додека некои патуваат со нас без да ги забележиме. Најчудно е што понекогаш имаме чувство дека најдрагите особи се наоѓаат во друг вагон, се чуствуваме немоќно што не можеме да седнеме до нив, ама местото веќе е зафатено. Тоа е животот, го посакуваш она што го немаш заборавајќи на вредноста на оние кои се покрај тебе. Патувањето, исто како и животот е полно со предизвици, соништа, фантазии, средби и разделби… без повторно поминување на истото место, без повторно застанување на истата станица.

Затоа потрудете се Вашето патување да биде најдобро што може, вреднувајте ги оние кои патуваат со Вас, особено оние во Вашиот вагон. Не жалете за луѓето кои се симнале или отишле во друг вагон, радувајте се на празните места кои ќе бидат пополнети со нови личности.

Среќен пат!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрандиозен стан на Менхетен
Следна објаваСо книга во војна | American Library Association
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР