Не си најубавиот, најдобриот, а ни најпаметниот што го познавам ама знам дека ти си ТОЈ. Не наликуваш на мене, не ги сакаш истите работи… дури и не се смееме на исти вицови, ама ти си мојата друга половина, мојот другар, љубовник и сопатник.

Со тебе времето губи значење, можам со денови да бидам со тебе без да ми здосади за миг.

Со тебе љубовта добива лик. Не е веќе само збор без јасно значење, го носи твојот лик.

Со тебе не ми е важно како изгледам, дали сум нашминкана или како сум облечена, твојот поглед ми кажува дека во твоите очи сум совршена.

Со тебе и најтешките работи изгледаат лесно. Ме поддржуваш без оглед на се’, ме охрабруваш и дури во моментите кога јас ќе ја изгубам довербата во себе ти не престануваш да веруваш во мене.

Со тебе животот е поубав. Прекрасно е чувството да бидеш сакана од човек како ти, да знаеш дека си негова принцеза, негова љубов и причина за живот.

Те сакам, знаеш зар не?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДом од соништата за 2014 година
Следна објаваЕден лик во три позиции | Rone
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР