The Writer – со изглед на малечко момче кое пишува, а всушност означува автомат изграден во 1770 година од страна на швајцарскиот часовничар Pierre Jaquet-Droz со помош на неговиот син Henri-Louis, и Jean-Frédéric Leschot дефинитивно остава без зборови. Величенствено и спектакуларно парче кое повеќе од веројатно е дека настанало години и години пред своето време: момче со перо во рацете, чија телесна внатрешност е составена од 6000 рачно изработени делчиња и запчаници кој се дизајнирани по нарачка да се направи машина за пишување.

Ако овој концепт Ви делува познато, ќе Ве потсетиме дека The Writer беше инпирација за филмот „Hugo“ од 2011 година. Со оглед на фактот што авторот Jaquet-Droz бил во можност да ја направи оваа крајно сложена и за свое време, футуристичка автомат-машина која го најавува доаѓањето на современиот дизајн и технологија, ќе се согласите дека истиот ги поставил фундаментите на новата перспектива. За повеќе околу оваа тема, погледнете го извадокот од документарната емисија на BBС.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагијата на зимата
Следна објаваРози за насмевка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР