Наполеон Хил еднаш рекол – „ќе Ви одземе половина од Вашиот живот пред да откриете дека истиот тој живот е еден голем, направи-сам проект.“. Пред беспомошно да климнете со главите, дозволете ни да Ве потсетиме дека нашата Направи сам категорија во голема мера успева да ја мотивира Вашата креативност во периодот на откривање на мислата на Хил. За денес, идејата ја посветивме на едноставен свеќниќ кој ќе ја разубави атмосферата во Вашиот личен простор.

1

Потребно Ви е:
– интересна тегла
– спреј во боја
– креп-трака
– скалпел
– ножици
– маркер
– коректор во стик
– пантлика

Чекорите се сликовито објаснети на фотографиите и во видеото погоре. Ви посакуваме креативен час и многу, многу љубов предизвикан од Вашиот уникатен проект.

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова „Метаморфозис“ корица | Jamie Keenan
Следна објаваНајдобри пријатели засекогаш
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР