1

1# Вие сте добра личност.
Вие сте темелно добра и одлична личност. Никој не е подобар или поталентиран од Вас – дури и кога другите ќе почнат да се сомневаат во ова, Вие не смеете. Неможноста да го прифатите овој факт лежи во коренот на многуте Ваши незадоволства.

2# Вие сте важни на многу, многу начини.
Вашиот личен универзум се врти околу Вас како единка. Вие давате значење на она што сте виделе или чуле; колку се важни Вашите емоции во тие ситуации го одредува квалитетот на Вашиот живот. Среќните и успешни луе се чувствуваат важни и вредни, додека несреќните и исфрустрирани луѓе се чувствуваат неважни, помалку вредни. Не умеат да видат дека тој камшик на светот си го препишале сами.

3# Имате способност да го живеете Вашиот живот со полн потенцијал.
Поседувате способност да создадете и живеете живот каков што сте замислиле со неограничен потенцијал да ги освоите сите Ваши цели. Вие не можете да го користите целиот Ваш потенцијал ако сте живееле сто животи – безразлика што сте постигнале досега, тоа е само навестување на она што е можно да го постигнете. И повеќе од Вашите вродени таленти и способности, повеќе од Вашиот потенцијал може да се развие во иднина. Вашата верба во себе е клучот за станете се’ она што сте навистина способни.

4# Вашите мисли за животот се од суштинско значење за создавање на Вашиот сопствен свет.
Вашите мисли за животот и Вашите верувања, всушност, ја создаваат Вашата реалност и секое верување кое го носите во себе некаде сте го научиле. Олеснителната околност е во тоа што повеќе од негативните или автодеструктивните мисли и сомнежи се мешаат со Вашата среќа, но, не се базираат на фактите и реалност.

5# Секогаш сте слободни да направите избор.
Вие сте слободни да ја изберете содржината на Вашите мисли и насоката на Вашиот живот. Едно нешто врз кое имате целосна контрола е Вашиот свет на размисли – може да одлучите да размислувате за среќен и исполнет живот, кој подоцна ќе го остварите или може да размислувате како песимисти кои порано или подоцна, ќе се удават во морето на сопствената депресија.

6# Вие сте посебни и наменети за восхит.
Имате цел да направите нешто големо од Вашиот живот. Вие сте посебни, со уникатна комбинација од таленти, способности, идеи и искуства кои Ве прашат различни од било кој што некогаш живеел. Вие сте сопствен дизајнер на восхитот кој другите ќе го имаат за Вас.

7# Вие може да го победите сопствениот страв од неуспех.
Нема ограничувања на она што може да го направите, освен оние што потекнуваат од Вашите негативни мисли. Најголемите непријатели со кои ќе се соочите на патот кон успехот се Вашите сопствени стравови и сомнежи – сетете се на правилото, „не е важно од каде доаѓате, она што навистина е важно е каде одите.“!

~ Брајан Трејси

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМистериозни фотографии | Ilya Kisaradov
Следна објаваХари Потер потпетици
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР