Графичкиот дизајнер Jamie Keenan со потекло од Велика Британија е последниот креативец кој даде своја визија за корицата на безвременскиот „Метаморфозис“, кој доби нов превод од страна на WW Norton со седиште во Њујорк. Раскажувајќи ја приказната за Греогор Самса, самата корица раскажува за неговото будење како инсект со стариот италијански фонт кој е преработен во форма на Метаморфозис. Нарачателите на овој дизајн, од издавачката куќа кажуваат дека побарале нешто навистина кул и уникатно, што ќе се издвојува од бројните копии на овој наслов на Кафка, насекаде во светот.

1

Авторот, надоврзувајќи се на ова, вели „општо земено, оваа дизајн се обидува да ја продаде приказната, да го пренесе расположението, стилот и идејата. Насловната страница е идентитет кој треба да ја пренесе суштината на книгата – сепак, самиот класичен роман претставува предизвик кој во својот фокус го сместува знаењето и поуката која оваа книга ја нуди.“. Одлуката насловотот да оди во форма на инсект сам по себе илустрира сјаен, црн квалитет кој бубачките го имаат, на еден чудно својствен начин. Манипулација и баланс преку буквите на оваа корица, книгата е достапна во продажба по цена од 10,95 $.

2

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРоберто Кавали креира за Мајли Сајрус
Следна објаваНаправи сам | Свеќниќ со љубов
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР