Понекогаш луѓето навраќаат во вашиот живот, и едноставно знаете дека со причина се нашле во него – да послужат за одредена цел, да ви одржат лекција, или, пак, да ви помогнат да сфатите кои сте, односно што (не) сакате да станете. Никогаш не можете однапред да знаете кои се всушност тие луѓе – цимерот, соседот, професорот, пријателот, љубовникот, или, дури и комплетниот странец – но, кога ќе остварите непосреден контакт со нив, во истиот момент сознавате дека  многу длабоко ќе влијаат на вашиот живот.

Понекогаш се случуваат нешта во животот кои навидум се чинат ужасни, болни и пред се’ неправедни, но, гледајќи се во огледалото сфаќате дека без надминувањето на овие пречки никогаш не би биле она што сте денес, не би си го виделе сопствениот потенцијал, сила, добра волја, или издржливоста на срцето.

Болест, повреда, љубов, изгубени величествени моменти или чиста глупост – земено во целина, сите се со намена да ги тестираат границите на вашата душа. Без овие мини-тестови, какви и да биле, се или ќе бидат, животот би претставувал мек и ограничен, прав и рамен пат кој не води никаде. Би било безбедно и удобно, но крајно здодевно и безначајно.

Луѓето кои ги запознавате и кои влијаат врз вашиот живот, успехот и поразот кои ги искусувате, ви помагаат одново да се создадете себеси и она во што се преобразувате. Дури и од негативните искуства се учи. Всушност, најчесто истите се оние најбитните.

Доколку некој ве сака – вратете му со љубов на било кој начин. Не поради тоа што сте сакани, туку поради тоа што на некој начин, вас ве учат како да сакате и да ги отворите срцето и очите кон нештата.

Доколку некој ве повреди, издаде или ви го скрши срцето – простете му. Ви помогнале да научите за довербата и важноста да се биде доследен на личноста кон која сте се отвориле.

Направете секој ден да се памети. Ценете го секој момент и впивајте што повеќе од моментите во животот за кои знаете дека нема да сте во состојба повторно да ги доживеете. Комуницирајте со луѓе со кои предходно не сте го правеле тоа, и послушајте што тие имаат да ви кажат.

Дозволете си да се заљубите, да се ослободите и да ги подесите вашите сетила на максимум. Држете ја главата исправено бидејќи имате неприкосновено право на тоа. Кажете си на себеси дека сте прекрасна индивидуа и верувајте во себе – во спротивно, ќе им отежнете на другите да веруваат во вас.

Можете да исполните се’ што ќе посакате.

Креирајте го сопствениот живот и живејте го без каење.

Ако сакате некого – кажете му, затоа што никогаш не се знае што носи утрешнината.
Научете по нешто ново од секој ден што го живеете!

Денес е Утре за кое се грижевте Вчера.
Размислете.
Беше ли вредно?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKMart Joe | Празнична честитка
Следна објаваОчи кои зрачат | KLSADAKO
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР