06

Да заспиваат гледајќи ги ѕвездите, а да се будат гледајќи го снегот: тоа бил сонот на сопствениците на оваа неодоливо убава викендичка на планина. Велат кога нешто многу посакувате, тоа мора и да се оствари, па така нивното мало, но мошне удобно планинско прибежиште комплетно им ги исполнува сите желби. Има многу прозорци, дури и на таванот, кои им овозможуваат со часови да седат на омилената софа во дневната соба, воодушевувајќи им се на прекрасните глетки. Ентериерот на куќичката е во хармоничен тон, уреден со пријатни и топли нијанси на бои, дрвени допири, рустични детали и многу сончева светлина, што и дава максимално пријатен амбиент и опуштена атмосфера. Иако со мала површина, комплетно е функционална и практично испланирана, со привлечен дизајн кој ги поврзува дневната соба, кујната и трпезаријата во една отворена целина на долниот кат. Топлината од каминот и меките волнени прекривки во секое катче, гостопримиливо канат на лежерно бегство и уживање во убавините на природата. Совршена викенд инспирација!

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвета книга на лозинки | Aram Bartholl
Следна објаваКој заслужува шанса?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР