Креативното и иновативно пакување е од големо значење за производот, помагајќи во продажбата и заштитувајќи го при транспорт. Направивме селекција од неколку пакувања изработени изминатата година. Водоотпорни часовници буквално спакувани во ќесичка со вода, вински женски чанти, моливи од сирење кои може да ги наострите над омиленото јадење, парфем со мирис на книга спакуван во вистинска книга, минт бонбони за вашето грло и други. Погледнете.