„Во Гатлин живеат само два типа на луѓе – оние глупавите и оние кои заглавиле таму.“

Забавна, напната и духовита – три придавки кои од сам старт се прикачуваат на ова модерно готик-четиво за млади, кое успева да го зароби и интересот на возрасните. Што е приказната? Во малиот јужен град кој почива врз спомените од Граѓанската војна во САД и магливите насади, 16-годишниот Итан се заљубува во новата девојка во училиштето, Лена, која пристигнува во градот практично како ураган. Психичко забрзување на настаните, масовно ширење на озборувањата и уште поголемо повлекување на девојката во себе, како главен осаменик кој уште повеќе го привлекува вниманието на несфатениот Итан… крајно нетипична американска девојка, со кадрава црна коса наместо платинесто руса, со износени старки наместо кратки здолништа.

Вистинската работа и лесната работа никогаш не се исти.

Откако Итан го прифаќа зачудувачкиот факт дека Лена е дел од семејството на волшебници – уште многу тајни ќе бидат откриени пред таа да наполни 16 години и ќе биде апсолутно насочена кон натприродните сили. Колку и Итан да се труди Лена да доживее нормални тинејџерски искуства во малку подолу од нормалниот град; нејзиниот роденден се ближи и нејзините роднини почнуваат да доаѓаат во семејната куќа. Лена можеби малку зборува, но нејзиниот поглед може да предизвика ураган, да повлече облаци или да направи сончевиот ден да прерасне во библиска поплава (на пример, само врз Итан). Одлично шоу од пеколот наречен средно училиште, потрагата по вистинскиот карактер на себеси и заљубувањето кое нуди подобар поглед на свет се главни одлики на оваа приказна, каде што притоа суптилно се дава еден добар пример на читателската млада публика при соочувањето со првите предизвици на созревањето. Можете природно да се однесувате, да создадете баланс и натприродно да верувате во прекрасните суштества…

Смртници, Ви завидувам. Мислите дека може да ги промените работите. Да го запрете универзумот. Да го вратите она што било направено пред Вас. Вие сте толку прекрасни суштества.

Романот во кој едно прекрасно суштество нема секогаш да е прекрасно дозволува нараторот Итан најголем дел од времето да го поминува со натприродна придружба, да гледа и слуша незамисливи работи и да научи да живее со нив. Од проста причина наречена љубов, кој ги надминува границите на тин-годините. Она што го изделува овој роман од сите останати стории од рангот на „Самрак“ е бонусот нарација од страна на машки лик, иако истиот е создаден од две авторки. „Прекрасни суштества“ доаѓа како прв од серијата хроники, по кој следуваат „Прекрасна темнина“, „Прекрасен хаос“ и последната, „Прекрасно искупување“, кои се врзани еден помеѓу друг, при што се заобиколува трендот на вамп-приказни за разработени хормони. Без притоа да се исклучи натприродниот елемент.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативно и иновативно пакување
Следна објаваМапи со лик | Ed Fairburn
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР