Ако завршивте со креирањето новогодишни резолуции уште пред да ја дочекате Новата 2014 година – нешто ни говори дека сте заборавиле да го испочитувате библиофилот во себе. Веруваме дека во некоја точка од Вашите листи стои „оваа година ќе читам повеќе книги“, но DA со својата библио-листа ќе Ви посочи на што да се задржите оваа година:

.1.

1. Купувајте повеќе книги од книжарници, помалку онлајн. Искуството да ја носите книгата во раце на пат кон дома од книжарница ќе Ви го згрее срцето – во споредба со порачаната пратка преку интернет.
2. Посетувајте повеќе библиотеки, книжарници, промоции, саеми; каде и да се наоѓате, дома или на патување.
3. Не купувајте книги ако немате намера или време да ги прочитате. Само затоа што Ви се чинеле атрактвни на попуст.
4. Читајте нешто од класици од време на време. Па дури и да пречитате некои од нив.
5. Читајте фикции кои не спаѓаат во YA или детска литература. Тука притоа не сакаме да навредиме нечиј вкус.
6. Прочитајте ги книгите кои веќе ги имате. Сте ги купиле или добиле на подарок… одвојте време за нив.
7. Запомнете што значи да се чита!

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Eternity“ – втор ковер на Малинов
Следна објаваСтилски стан со фини украси
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР