Нашата цел е да Ве мотивираме да пишувате и да ги изразувате Вашите чувства. Како надополнување на нашиот текст „Убијци на љубовта“ добивме друго видување од наш читател.


Ги отворив очите со надеж дека сонот те донел и брутално те спуштил близу до мене, толку близу што ја чувствувам целата расположлива артилерија како се распоредува околу твоето срце. И се прашувам што правам тука јас повторно?

Близината помеѓу пријателите е за една мерна единица правопропорционално помала од близината помеѓу вљубените. Ти беше толку близу во моментите кога требаше да бидеш подалеку и како не така случаен сопатник во мојот живот да стоиш и од надвор немо да набљудуваш што се случува во мене, околу мене и до мене.

Не можам ни денес да признаам дека чувствата кон неа никогаш не ни постоеле, но ти беше тука, а не таа. Ох, Боже, зарем љубовта толку сурово си поигрува со нас, па во тој доцен час кога плачам за неа, те имам тебе и не се радувам, а длабоко во себе знам дека би бил осуден на среќа кога твојата храброст и мојата ослепеност би се судриле и би извикале ЈАС ТЕ САКАМ! Денес сите умираат по некоја друга личност, не знаејќи дека до нив ја имаат токму таа која би ги избавила од смртта.

Драган Петревски

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрофот од Монте Кристо – Александар Дима
Следна објаваМурали низ Источна Европа | Etam Cru
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР