За розовата велат дека не е само боја, туку и став кон животот. Иако не е традиционален избор на боја за новогодишен и божиќен декор, сепак во комбинација со вистинските детали може да му даде навистина убав и впечатлив празничен изглед на домот. Розовата боја во ентериерот е синоним за стил и индивидуалност во уредувањето, но и многу позитивна енергија во просторот. За таа цел, ви претставуваме совршена празнична инспирација во бојата на розата, вкусно искомбинирана во тандем со белата и златната нијанса. Дело е на авторката на францускиот блог Cococerise, која нуди малку поинаква празнична тема во тонови кои идеално прилегаат и се надополнуваат. Се’ e со блескав розов сјај во дневната соба и трпезаријата, почнувајќи од елката, каминот, па седо празничната трпеза. Свечен и гламурозен, а истовремено романтичен и женствен стил на украсување, со многу кокетни детали, слатки декорации, елегантни украси и нежни празнични мотиви. Уживајте во розовата новогодишна магија!

2

3

4

5

6

7

9

8

10

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделна програма Јавна соба 09.12 – 13.12.2015
Следна објаваПразници се ближат!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ