,,Кога европските градови би сочинувале ѓердан, Прага би била дијамант меѓу бисерите” , рекол Франц Кафка, славниот писател и горд жител на градот кој во својата долга историја бил политички, културен и економски центар на Средна Европа. Чешката метропола ја нарекуваат и ,,златниот град’’ или ,,градот со стотина кули’’, а омилена дестинација е на бројните туристи, кои ги посетуваат познатите прашки пивници и многубројните историски локалитети. Во месец декември, на секој чекор се шири мирисот на природните елки и борови кои ги красат чешките домови за време на празниците. Порано се украсувале со колачиња, разни печива и производи од дрво, додека денес се употребуваат модерни стаклени украси. Месецот декември е и најубаво време за туристичка посета на Прага, поради бајковитата новогодишна атмосфера во градот, божиќните саеми и големите попусти кои ги нудат трговците и угостителите во екот на празниците. Во староградското јадро на градот, на многубројните штандови може да се купат традиционални чешки божиќни украси, лампиони за елка изработени од стакло во сите облици и бои, да се дегустира познатото пиво, чај или греено вино, или, пак, да се вкуси печиво со ким, похован кашкавал или лути колбаси со зеленчук. Прошетката низ магичната Прага, пак, кани на незаборавно патување низ епохите, разглед на културата, архитектурата и историјата, со старите кули, цркви, мостови и замоци, чии слики се огледало во лицето ва реката В’лтава повеке од еден милениум, и водат назад низ времето, откривајќи им ги сите сите тајни од минатото на светските патници во сегашноста. За импресивната убавина на градот ,,виновен’’ е раскошот од градби, од ренесансна, барокна, рококо, класична па се’ до модерна архитектура. Романтични вечерни крстарења по реката В’лтава, жива музика на стариот градски плоштад, вкусен оброк од зимските пазари со храна и блескави огномети – доколку сте вљубеници во историјата и културата, шопингот и богатиот ноќен живот, убавата храна и доброто пиво, а сето тоа сакате да го искусите во град со автентична новогодишна и божиќна атмосфера, тогаш златната Прага е вашиот идеален избор за престојните празници.

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

Wenceslas Square and the Christmas market

017

018

019

020

021

022

023

024

Prazsky hrad, chram sv. Vita, Hradcany, Praha (UNESCO), Ceska republika

026

027

028

029

030

031

033

032

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Празнична атмосфера
Следна објаваЗа првпат во Скопје ILLUMINATIONS – 21.12 – Expo Centar
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР