01Празниците се ближат, а никогаш доста од фини детали кои ќе ја внесат убавата празнична атмосфера во домот. Овојпат ви претставуваме мошне едноставен проект, за изработка на интересен новогодишен детал со ретро шарм. Лесен е за подготовка, а е многу ефектна винтиџ – шик декорација која можете да ја закачите на ѕидовите, на каминот, околу божиќната елка, или каде и да посакате во вашиот дом. Забавувајте се декорирајќи го домот со вашите најблиски!

Потребно ви е:
– хартија
– ножици
– лепило
– коноп, конец или тенко јаже

002

Начин на изработка:

Испечатете две копии од сликата (во поголеми пропорции можете да ја превземете тука), или пак повеќе примероци, доколку сакате да биде подолга вашата креација. Со ножици исечете ги круговите, следејќи ги испрекинатите линии. Земете ги двата интентични круга и прилепете ги од двете страни на конопот. Продолжете ја истата постапка и со наредните кругови, редејќи ги во низа на секои 10-15 cm по должината на конопот.

01

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСакав да го променам светот
Следна објаваПразнична идила во домот
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР